Повторно се пролеа крв во Киев

 

Продолжуваат немирите во Киев. Три лица се ранети при престрелка на плоштадот на независноста во Киев. Во престрелката која ја предизвикал припадник на украинската националистичка радикална група на Десниот Сектор, три лица биле ранети во понеделникот вечерта во средиштето на Киев, а по овој инцидент дополнително се зголемила тензијата помеѓу полицијата и движењето кое поддржува потполна политичка независност на Украина и нејзиното приближување кон ЕУ.

Ранетите се двајца борци од самозаштитата на Мајдан и заменик-претседателот на градот Киев - Богдан Дубас.

Според податоците со кои располага полицијата пукањето немало политичка позадина. Веднаш по пукањето, сторителот заедно со останатите членови од радикалното движење се сокриле во хотел, но потоа и' се предале на полицијата по долгочасовната опсада.

Инцидентот се случил пред ресторанот Mafia, во близина на Плоштадот Мајдан, на кој се одржуваа повеќемесечните протести против соборениот претседател Виктор Јанукович.

Како што изјави министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков хотелот во кој избегал сторителот на инцидентот веднаш го опкружиле полициските сили по што членовите на Десниот Сектор ја напуштиле зградата невооружени.

Тој изјавил дека според очевидци, човек по име Орест од Десниот Сектор отворил оган при што  три лица се ранети, од кои две потешко.

01.04.2014 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега