Кои биле последните зборови кои се слушнале од исчезнатиот малезиски авион?
Иако се уште не е јасно каде е и што се случило со малезискиот авион кој исчезна со 239 патници, се откри кои биле последните зборови на двајцата пилоти. Во ред, Лека ноќ, било последното нешто што го рекле пилотите пред да исчезне авионот, од кој веќе три недели нема ни траг.
Засега не е јасно дали оваа реченица ја изговорил пилотот или копилотот на авионот. Овие зборови се слушнале во моментот кога авионот го напуштал малезискиот воздушен простор и влегувал во виетнамскиот.
Иако се шпекулираше дека ова биле последните зборови на пилотите,денеска оваа информација иофицијално е потврдена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа