Од денеска ново олеснување за граѓаните кои загубиле лични документи

 

Во сите градови низ Македонија од денеска стартува едношалтерскиот систем за објава на изгубен личен документ и отпочнување постапка за вадење нов од едно место, само на шалтерите во управните служби на МВР.

Граѓаните ќе можат да извршат и уплата и објава за неважечки документ за лична карта, пасош, возачка дозвола и сообраќајна дозвола  на шалтерите на МВР  и веднаш да ја отпочнат постапката за вадење на нов документ, со што ќе им се олесни постапката на граѓаните која до сега беше прилично комплицирана, особено за граѓаните од другите градови на Република Македонија, каде Службен весник немаше свои канцеларии и траеше повеќе денови. Со новиот протокол, на шалтерите  на управните служби во МВР, граѓанинот ќе може за еден ден да изврши објава на неважечкиот документ и да ја отпочне постапката за нов документ.

Во Македонија 30.000 граѓани во просек годишно ги губат своите лични документи.

01.04.2014 - 09:17
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега