Летаат казни за несовесните возачи - 12 сообраќајки во Скопје

 

Во текот на вчерашниот ден во СКопје се случиле вкупно 12 сообраќајни незгоди од кои шест се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и четворица пешаци.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција санкционирани се шестмина возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, петмина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 12 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, осуммина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 21 пешак кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот и на истите покрај поканата за наплата на глоба, издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Од денеска до 7 април сообраќајната полиција на територијата на целата држава ќе спроведе сообраќајно воспитна едукативна акција „Недела за безбедност на пешаците“. Во рамките на оваа акција сообраќајната полиција ќе ги зајакне своите превентивно репресивни мерки со цел подобрување на безбедност на пешаците како една од најзагрозените категории на учесници во сообраќајот. До крајот на акцијата ќе се делат едукативни флаери со едукативна содржина на пешаците, а исто така ќе се зајакнат и репресивните мерки.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ЦОУ „Герг Кастриоти Скендер бег“ на територијата на општина Арачиново со учениците од второ и четврто одделение и во средното училиште „Владо Тасевски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

01.04.2014 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега