„Скопје се смее“ - радост за дечињата на Плоштадот Македонија

 

На Плоштадот Македонија денеска традиционално ќе се одржи манифестацијата „Априлијада 2014“  по повод 1 април - Денот на шегата.

Организатор на Априлијадата која ќе донесе радост за дечињата од  училишта, градинки, деца и граѓани на Скопје, е Детскиот културен центар Карпош и Град Скопје. На манифестацијата ќе присуствува таткото на Скопје, Коце Трајановски.

Во дневниот дел од забавата со маски ќе продефилираат многу кловнови, ќе има балони, песнички, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“, децата од Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

Предвидена е и ноќна забава на која ќе настапат Драган Мијалковски, Александар Митевски, Коста Костовски, Александар Белов, Елена Миленковска, водители ќе бидат Марија Петровска и Антонио Димитриевски, а за крај настап ќе има и Диџеј Бабура.

01.04.2014 - 09:09
Фото: 
хитпортал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега