Груевски: Иванов остана со народот, тој заслужува втор мандат
Ако пред 5 години некој не беше до крај сигурен дали да му ја даде поддршката или не бидејќи не го познавал доволно, Иванов сега има историја зад себе во 5 години активни напори и борба за интересите на македонскиот народ и сите граѓани на Македонија.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Никола Груевски, на митингот во Струмица каде побара уште еден мандат за Ѓорѓе Иванов.
-Иванов е човек кој и после 5 години на позиција претседател на Република Македонија остана со народот, остана народен човек, истиот оној кој го познававме кога застана на чело на државата. Него политиката и моќта не го променија. Тоа е еден од аргументите зошто овој човек заслужува да добие втор мандат. Ѓорѓе Иванов остана на земја. Многу политичари дошле на позиција со имиџ на чесни, но не секој така го завршил мандатот. Многу политичари кога дошле на позиција дошле како стабилни и разумни, но не секој останал на земја. Летнале во воздух па народот не може да ги види и препознае по некоја година. Тоа не беше Иванов, затоа заслужува почит. Иванов влезе како чесен и стабилен човек, зрела личност, како таков го започнува првиот и се кандидра за втор мандат. Кој уверен сум дека граѓаните ќе му го доделат. Затоа што народот знае да направи разлика и проценка. Народот сака да оди на сигурно, а со Иванов одиме на сигурно и проверено. Тој работеше чесно и неуморно, не штедејќи се себе. И тука и надвор, работеше со народот. Се обиде да ги убеди сите политичари низ светот од кои зависи Македонија во однос на некои одлуки и решенија значајни за нашата иднина . Иванов беше еден од најактивните претседатели кога станува збор за меѓународната политика и дипломатијата, истакна Груевски.
Премиерот посочи дека Иванов секогаш бил подготвен да дискутира, да дава нови идеи, да ги поддржи добрите идеи, а не да им прави сопки.
-Напротив, со него имавме период од 5 години кога државниот врв на Македонија имаше единство. Долго пред тоа неможеше да се каже ова. Иванов беше човек кој секогаш во сите разговори, активности и лобирања, државата ја ставаше пред се, затоа заслужува втор мандат. Остана максимално посветен на сите работи поврзани со неговите уставни ингеренции. Внимателно и стабилно управуваше со АРМ во рамките на неговите ингеренции. Со него разговаравме за поставување и назначување на амбасадори, бидејќи уставот не повикува да имаме соработка во тој дел. Можам да ви кажам дека Иванов не беше човек кој гледа кој-кого предложил, дали Владата и тој предложил. Тој седнуваше со нас и разговараше за способни и чесни луѓе кои достоинствено ќе ја претставуваат Македонија, независно кој ги предложил. Него го интересираат способни луѓе подготвени да ги бранат државните и националните интереси на република Македонија, рече Груевски.
Тој посочи дека Иванов не се занимавал со ударите кои доаѓаа од страна и останал смирен и стабилен кога низа навреди и клевети биле насочени кон него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа