Груевски: Кога ги слушам СДСМ, како да зборува Венизелос

 

Премиерот Никола Груевски на вечерашниот митинг во Струмица го коментираше однесувањето на СДСМ кон проблемот со името.

Рече дека ставовите на опозициските политичари од Македонија се идентични со ставовите на грчките дипломати.

-Ги гледам и како се однесуваат по прашањето за еден од најгорливите проблеми на нас, Македонците. Тоа е прашањето што нашиот јужен сосед го отвори пред 20-тина години оспорувајќи го нашето уставно име. Како со леснотија СДСМ минатиот период се расфрлаа со разни имиња. Како со леснотија говорат против нас, дека ние сме биле виновни што не се решило името. Ние сме виновни што не сме влегле во ЕУ и НАТО иако ги исполнивме сите услови. Забораваат дека тие во извештаите јасно кажаа дека единствената причина што Македонија не е внатре е блокадата од една земја-членка. Слушам Заев, Шекеринска и Стево велат дека не било само името, имало и други проблеми. Ги гледам и си велам тие ли се ова или Венизелос? Исто како Венизелос да ни се обратил во Универзална сала, а не кандидат за претседател на Македонија. Такви работи само Грците зборуваат. Нивите ставови се идентични со она што Венизелос и грчките дипломати го зборуваат. Јас не верувам дека ова е случајно. Неможам да кажам дека е случајно што истото што го збори Венизелос е истото што го говори и оваа група на „Нови ликови“ во македонската политика, истакна Груевски.

Пред нас, посочи имаме човек од политичка гарнитура која покажа дека знае да држи до зборот, знае да вети и да си го одржи ветувањето. Држењето до збор е една од главните причини што ВМРО-ДПМНЕ и Иванов ја добиваат довербата од народот.

31.03.2014 - 23:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега