На киевскиот плоштад „Независност“ застрелани три лица

 

На плоштадот „Независност“ во центарот на Киев вечерва се застрелани двајца активисти на движењето „Самоодбрана на Мајдан“ и еден граѓанин, сопштија украинските власти.

Се уште не е познато колку се тешки повредите на настраданите, а на местото на инцидентот пристигнала истражно-оперативна група на милицијата.

Според очевидци, членови на радикалната организација „Десен сектор“ се обиделе да внесат алкохолни пијалоци на плоштадот, а чуварите се обиделе да ги спречат. Потоа еден од членовите на „Десен сектор“ почнал да пука.

31.03.2014 - 20:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега