Пешевски: Иванов е чесен патриот

 

Функцијата претседател во Македонија носи со себе многу одговорности. Тој е врховен командант на АРМ. Како ретко кој друг досега, Иванов покажа што значи да се грижиш за Армијата.

Ова го истакна вицепремиерот Владимир Пешевски, на митингот во Валандово, каде Иванов ја побара поддршката за претстојните избори.

-Беше еден од ретките кој се осмели да ги посети војниците во Авганиостан, им даде поддршка. Ја покажа димензијата и како човек и како претседател. Тој заседава со советот за национална безбедност. Опозицијата критикува дека треба почесто да се свикува Советот. Напротив, фактот дека Иванов знаел како да управува со кризни состојби, без да се создава впечаток дека во државата постои криза, но сепак да се сретне со сите релевантни луѓе, докажа каков претседател е тој. Иванов покажа дека е човек со високи квалитети, кој не сака да прави себепромоција, но цели да го реши проблемот, истакна Пешевски.

Тој одговори и на одредени обвинувања за тоа зошто лично пешевски застанува на говорница на митинзите на Иванов.

-Велат дека претседателот нема надлежности во економијата, но Иванов го предлага гувернерот на НБРМ, најодговорна функција за одржување на макроекономската стабилност во државата. За разлика од претходните претседатели кои именувале луѓе политички фигури, Иванов не подлегна под политички притисоци, туку одбра најдобар професионалец за таа функција.Македонија на полето на макроекономијата бележи одлични резултати, тоа го велат најрелевантните институции од светот, истакна тој.

Пешевски направи споредба-кој бил претседател и како се однесувал кон Македонија, па рече од тоа ќе се види каков претседател бил Иванов.

-Прв претседател беше Никола Карев, кој го даде животот за Македонија, па Ченто кој за земјава лежеше во затвот. Го имавме и Борис Трајковски за претседател, човек кој во даден момент, кога Македонија беше во многу тешка состојба, имаше доблест и најде решение да го зачува интегритетот на Македонија. Имавме и претседатели кои на народот му сугерираа промена на името на државата, требаше да трае 2 месеци, а трае над 20 години. Имавме претседатели кои ја сменија територијалната поделба. Денес го имаме Иванов кој припаѓа на првата група, човек кој цврсто стои на позициите за името. Човек кој ја сака земјата и работи за неа. Иванов е чесен патриот, рече Пешевски.

Додека Груевски и Иванов ја водат државата, рече тој, непостои човек кој не почувствувал позитивни промени во било кој аспект од живеењето.

31.03.2014 - 20:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега