Француската Влада поднесе оставка, Мануел Валс нов премиер
Владата на францускиот премиер Жан-Марк Еро попладнево поднесе оставка.
Како што објавија француските медиуми, за нов премиер се очекува да биде именуван министерот за внатрешни работи на Франција, Мануел Валс.
Францускиот претседател Франсоа Оланд вечерва ќе се обрати до францускиот народ откако социјалистите претрпеа порас на вчерашните локални избори, кои се сметаат за тест за парламентарните избори по две години.
31.03.2014 - 19:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа