Халими во тетовско: Граѓаните сами треба да решат дали и за кого ќе гласаат

 

Кандидатот за претседател на Македонија од редовите на ДПА Халими во тетовско: Граѓаните сами треба да решат дали и за кого ќе гласаат енеска оствари средби со жителите на повеќе населени места од неколку општини во тетовско. По средбата со жителите на селото Шемшово, општина Јегуновце тој рече дека во изминатите денови од кампањата се сретнал со повеќе илјади граѓани  со кои разговарал околу проблемите со кои се среќаваат.

- Граѓаните и Албанци и Македонци и Роми, Турци и сите останати се жалат дека имаат проблеми со патиштата, лошите услови во училиштата, социјалната помош, голем дел од нив се невработени. Јас им реков дека ингеренциите на претседателот не се такви кои може директно да обезбедат средства за да се подобрат условите, но доколку бидам избран на претседателската фукција ќе се заложам за рамноправна распределба на средствата од буџетот за сите региони во Македонија за што повеќе граѓани имаат корист од овие средства. Исто така ќе ги искористам можностите за средби и контакти со разни инвеститори да инвестираат во Македонија за да се подобри состојбата со вработувањата, рече Халими.

Тој искажа задоволство од досегашиот тек на кампањата и поддршката што ја добива од граѓаните. Халими очекува граѓаните да не го прифатат повикот за бојкот на претседателските избори од ривалската ДУИ, бидејќи според него тие самите треба да решат дали и за кого ќе гласаат, а на бојкотот се спротиставува и меѓународната заедница.

- Имам голема поддршка иако една политичка партија излезе со став да се бојкотираат претседателските избори. Не верувам дека граѓаните во ова време, во 2014-та година ќе одат по директиви на некој што има политички математики што ќе им каже седите дома и немојте да излезете на денот од изборите. Граѓаните размислуваат со своја глава и не секогаш ги почитуваат таквите наредби кои се директно спротивни од демократските процеси и спротивни на волјата на граѓаните што сакаат таа волја да ја изразат прку гласање. Она што е важно е тоа што бојкотот е против волјата и од меѓународната заедница. Слушаме од претставниците и од ЕУ, Советот на Евроап, ОБСЕ дека не го подржуваат бојкотот оти тоа е штета за демократијата и дека не треба да се заплашуваат граѓаните дека ќе ги загубат своите работни места или да ги купуваат гласовите бидејќи тоа ќе влијае на успешност на целиот процес, рече Халими.

31.03.2014 - 18:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега