ОН предупредуваат на глад, поплави и суши

 

На планетата Земја и се закануваат катастрофи од типот на немањето на доволно храна, предизвикување на конфликти од огромни размери пишува во извештајот на Мељувладиниот панел за климатски промени. Никој на земјата нема да биде поштеден предупредуваат од ОН.

И досега ОН најостро предупредуваа дека човештвото ќе биде соочено со опасностите од поплави, суши, неверојатни тополотни бранови затоа што климатските услови се влошуваат.

Експертите од ОН оценуваат дека растот на температурата би можел да предизвика до пораст на конфликтите поради растот и на сиромаштијата.

 

ОН предупредуваат дека повеќе не станува збор за спречување туку за подготвување на неизбежното. Во извештајот се наведува дека северот на Европа ќе биде изложен на поплави, додека во централна Европа териториите ќе бидат изложени на топлотни бранови и суша.

31.03.2014 - 17:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега