Неколку улици во Центар утре без вода

 Поради дефект на огрлица од Ф-125 мм на ул.„Орце Николов“ бр.109 во  Центар, утре од 09:30 часот до санирање на дефектот, без водоснабдување ќе останат дел од корисниците на таа улица, потегот од „Костурски херои“ до „Ленинова“.

Ова го соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и канализација. 

31.03.2014 - 16:31
Фото: 
доктори.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега