Семејствата од Циглана кои останаа без покрив над глава ќе добијат комплетно реконструирани домови

 

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска ја посети месноста „Циглана“  во општина Бутел каде што беа опожарени дваесетина куќи.

При посетата на куќите кои повторно се градат со поддршка од министерствата за транспорт и врски и за труд и социјална политика и општината, министерот Јанакиески вели дека ќе се извршицелосна обнова како што е ветено од страна на Владата.

- Можам да кажам дека со добра динамика се одвива реконструкцијата и очекуваме некаде за месец-два, во зависност од одвивањето на градежните работи да ги видиме овие куќи целосно реконструирани. Ова беше нешто што го ветивме како Влада. Најмногу средства, околу 10 милиони денари, за овој проект се од буџетот на Министерството за транспорт и врски, изјави Јанакиески.

Јанакиески денеска при посетата на Бутел изврши увид и во активностите за изградба на фекална канализација во населба Радишани. Вредноста на проектот е 89.000 евра.

31.03.2014 - 15:57
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега