„Се уште ги сонувам врисоците и темнината" - потресна исповед на собарка од Титаник

 

Роуз Амели тврди дека е единствената Французинка која ја преживеала големата трагедија која се случи со бродот Титаник, а за тоа пишува и писмо долго цели десет страници.

На 8 август 1955 година настанало писмото на Французинката која вели дека работела како собарка на бродот. Нејзината исповед го потресе светот. Таа вели дека и по цели 40 години се уште ги сонува и слуша темнината и врисоците од несреќата, пренесува Хафингтон пост.

- Присуствувавме на незаборавни сцени, хорор сцени кои засекогаш оставија лузна. Некои од жените се уште во ноќници станаа од креветите, дезориентирано трчаа во паника по бродот. Командантот извикуваше: Прво жените и децата!, вели жената во писмото.

Таа додава и дека близу до неа имало и две постари но згодни лица, пар кој не сакал да влезе во чамецот за спасување, но и помогнал на својата слугинка да оди и да си го спаси животот. 

- Ние сме во брак цели 50 години и никогаш не сме се напуштиле еден со друг, нема ни сега!, рекол брачниот пар додека командантот ги повикувал жените да се качат во чамците.

Собарката додаваи дека било ужасно, завладеала темнина и паника меѓу присутните.

- Одеднаш темница, ужасна темница, врисоци и паника...Потоа, тоа беше тоа...43 години по трагедијата и понатаму сонувам се....вели таа.

 

 

 

31.03.2014 - 15:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега