Рускиот претседател потпиша указ за формирање на Министерство за Крим

 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за формирање Министерство за работи поврзани со Крим, а на негово чело го именува Олег Савељев.

Новото Mинистерство е формирано поради „зголемување на ефикасноста на работата на органите на федералната извршна власт во врска со интегрирањето на Крим и градот Севастопољ во економскиот, финансискиот и правниот систем на Руската Федерација“, стои во текстот на овој документ.

Министерството ќе има надлежност за спроведување на програмите за Крим, согласно руското законодавство.

31.03.2014 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега