Грците си најдоа свој фаворит во Македонија
И Грците имаат свој фаворит за претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 13 и 27 април. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, во текст на грчкиот весник “То парон” се вели дека наскоро во Македонија ќе има претседателски избори на кои фаворит е повторно актуелниот претседател на државата, Ѓорге Иванов.
“То парон” за актуелниот претседател на Македонија кој е во трката за втор претседателски мандат, пишува дека има цврсти позиции за името, за разлика од кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски кого го опишуваат како "политичар кој што во последните години покажа голема флексибилност за прашањето за името, и се чини нема многу надеж ".
И последниот број на весникот “Ризопулост” пишува дека грчката Влада не успеа ефикасно да се справи со грчко-македонскиот спор за името, што уште еднаш докажува дека грчкиот печат, но и грчкиот државен врв во континуитет изразуваат незадоволство од позициите на премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов за заштита на уставното име и на македонскиот идентитет.
- “Владата во Скопје спроведува ефикасна и добро организирана пропаганда не само меѓу народот, туку и меѓу глобалната заедница”, пишува весникот, пренесува Нетпрес.
И од новата грчка партија “Потами” порачаа дека прашањето со Скопје е пример за отсуство на стратегија во грчката надворешна политика: - “ Бројни влади и организации ја признаваат земјата под уставното име. Ние ја држиме главата во песок и негирањето на реалноста не помага”, порачаа неодамна од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа