Комити организирано ќе ги пречекаат ракометарите на Вардар

Навивачката група Комити организирано ќе ги пречека ракометарите на Вардар коиденеска се враќаат од Хамбург каде славеа историска победа против европскиот шампион.

„Комити Запад организираат пречек на ракометарите на РК Вардар за сите оние кои немаат сопствен превоз.

Собир во 17:30 на добропознатата Фонтана во Градски парк. Поаѓање кон Аеродромот Александар Велики во 18:30.

Скопје слави ВАРДАРЕ !!!“ - стои на офицјалната фан страна на најдобрата навивачка група во Македонија.

Според планот, вардарци по пристигнувањето ќе се упатат во СРЦ Кале каде што ќе се дружат со своите фанови.

31.03.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа