Што напишаа бaлаканските медиуми по победите на македонските ракометни тимови

Многу е убаво да се биде Македонец овие денови! Тие направија секој Балканец, или како на Западот би кажале „граѓаните од втор ред“, да се чувствуваат посебно, исполнето и гордо. Ракометарите на Вардар и Металург им покажаа на колегите од Хамбург и КИФ Колдинг, дека со парите не може да се купи баш се и дека тие не се најпаметните, најдобрите, најубавите...пишува порталот handball.me во текстот посветен на двата македонски клуба.

Меѓудругото во истиот текст се вели дека пред одигрувањето на двомечевите, особено пред дуелот Хамбург-Вардар никој не смееше да предвиди ваков исход.

-Вистинско уживање беше да се гледаат двата тима, кои доаѓаат од мала и сиромашна земја, да се пласираат помеѓу осумте најдобри екипи во Европа. Освен тоа што им одржавте лекција на Скандинавците и Германците, воедно им ја покажавте насоката на сите во регионот по која треба да се движат за да го направат она за што многумина сонуваат, се вели во текстот на handball.me.

„Кралот е мртов, Вардар распишува конкурс за нов владетел на Европа, стои во текстот објавен од Балкан Хендбол

31.03.2014 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега