Голем пречек на ракометарите на Вардар на аеродромот во Скопје

Управата на ракометниот клуб Вардар за денеска организира пречек на ракометарите на македонскиот шампион кои вчера среде Германија го совладаа европскиот шампион Хамбург со 30:29 и обезбедија пласман меѓу осумте најдобри екипи во Европа.

„По големата победа на РК Вардар над европскиот шампион Хамбург и пласманот во 8-те најдобри во Европа, Ве покануваме заедно да ги пречекаме нашите шампиони на аероддромот Александар Велики. Нашите херои од Хамбург треба да пристигнат во 19:30 часот. Да им покажеме сите колку сме горди на нивниот успех - стои во поканата од РК Вардар.

 

31.03.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега