Подгответе се за најлошите вести за Шумахер

Бидете спремни за најлошите вести. Состојбата на Шумахер не ветува дека неколкукратниот шампион во Формула 1 ќе може да се опорави по 88-дневната кома - изјави Гари Харштајн, лекарот со кој соработуваше Шумахер додека беше активен возач на Формула 1. 

По кобното скијање на Алпите. Шумахер се здоби со тешки повреди на главата. По тоа се уште е во кома. Харштајн изјави дека сите треба да се спремаат за најлошото

- Знам дека многумина го обожаваат. Поминав многу години под шапката, маицата и знамето на "Ферари". Сето тоа за Михаел. Навистина сум загрижен за тоа што ќе се случи кога ќе бидат објавени лошите вести во врска со состојбата на Шумахер. 

Сабин Кем, одговорна за односи со јавност, изјави дека има потполна доверба во лекарите што се грижат за неговото здравје.

31.03.2014 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега