Тачи: Безбедносните сили наскоро ќе се трансформираат во Оружени сили на Косово

- Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска изјави дека Косовските безбедносните сили наскоро ќе се трансформираат во Оружени сили на Косово, со 8.000 припадници.  

- Нема причина за одложување. Очекуваме Уставниот суд да одобри неколку работи чие разјаснување го побаравме, па Парламентот ќе го потврди барањето на Владата да се формираат Оружени сили на Косово - војска со 8.000 момчиња и девојки, рече Тачи.

Тој изјави дека САД, НАТО и ЕУ го поддржуваат создавањето Оружени сили на Косово. 

31.03.2014 - 11:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега