„Снежното кралство“, прогласен за анимиран филм со најголема заработувачка

Овогодинешниот Дизниев хит филм „Снежното кралство“ (Frozen) беше прогласен за анимираниот филм со најголема заработувачка во историјата, соопшти вчера стиудиото, откако овој музички филм заработи повеќе од милијарда долари ширум светот.

Филмот продаде за 398,4 милиони долари влезница во кината во САД и Канада од премиерата на 27 ноември. Во светот заработил уште 674 милиони, што вкупно изнесува 1.072 милијарди долари, соопшти Дизни.

„Снежното кралство“ инспирирано од бајката на Андерсен, „Снежната кралица“ е приказна за скандинавска принцеза која мора повторно да се поврзе со својата сестра кралица која има моќ со своите раце се да претвори во мраз и случајно предизвика долга зима која го уништува нејзиното кралство.

Поранешниот првак во заработувачка меѓу анимираните филмови беше „Приказна за играчките 3“ со 1.063 милијарди долари заработувачка, според Boxofficemojo.com. Двата филмови ги дистрибуира Walt Disney Pictures.

31.03.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега