Скопје горд член на семејството светски метрополи дел од акцијата „Часот на планетата Земја“

Градот Скопје стана горд член на големото семејство светски метрополи коишто на 29 март, од 20:30 до 21:30 часот го поддржаа глобалното движење „Часот на планетата Земја“ и ги исклучија светилките на најрепрезентативните градски објекти. Скопје им се придружи на Лондон, Париз, Тајпеј, Њујорк, Москва и уште многу градови од 154 земји низ светот, и испрати јасна порака за штедење на енергетските ресурси и за намалување на климатските промени.

 Во времетраење од еден час, на 29 март во Скопје беше исклучено уличното осветлување на плоштадот „Македонија“, илуминацијата на скопската тврдина Кале, Камен мост, Ристиќева палата и објектот „Пелистер“. На плоштадот „Македонија“ со запалени свеќи беше формиран бројот 60+, како симбол за шеесетминутното штедење на енергетските ресурси. Во исто време, 150 волонтери и претставници од Град Скопје, Црвениот крст, од невладини организации, ученици и граѓани се движеа со запалени свеќи. Учениците од ЈУУДГС „Здравко Цветковски“ делеа рачно изработени пораки за „Часот на планетата Земја“.

 Планетарното движење „Час на планетата Земја“ е поддржано од организацијата WWF (World Wildlife Fund), а Република Македонија и Градот Скопје добија своја секција на официјалниот портал на движењето http://www.earthhour.org/macedonia.

ОВДЕ погледнете како Скопје потона во мрак.

31.03.2014 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега