Го запознала човекот на својот живот во авион и го направила невозможното за да го пронајде

Американката Емили Домесек била убедена дека го пронашла човекот на нејзиниот живот при заедничкиот лет во авионот кој летал од Далас до Калгари. Веднаш откако се симнала од авионот младата Домесек напишала твит на официјалната страна на компанијата Американ Ерлајн, каде објаснила дека штотоку го запознала својот иден сопруг.

Во прв момент Домесек не го добила целото име и презиме на својот љубен па побарала од авиокомпанијата да ја поврзат со него, додавајќи дека станува збор за летот 1037.

На почетокот претставниците на компанијата не и ја дале својата поддршка на Емили, туку и посакале среќа во пронаоѓањето на мистериозниот маж, но таа била доволно упорна и продолжила со расправата на твитер каде прашувајќи каде исчезна романтиката.

Компанијата и натаму останала одлучна и не и го дала на Емили бројот на човекот, но им поставила прашање на тие што го следат нивниот профил дали би можеле да и помогнат.

 

Таа објаснила дека станува збор за господин кој седел во првиот ред, прва класа и носел сив џемпер.  Името на овој патник е Клауко а роден е во Торино. Никој не се јавил како кандидат кој би помогнал за развивање на една нова љубовна приказна, но Емили ја известила јавноста дека нејзин пријател успеал да ги спои и дека човекот бил совршен.

31.03.2014 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа