Полицијата демне: Летаат казни за несовесните возачи на скопските улици

Викендов Пајакот повторно направи парче на скопските улици. Со помош на специјалното возило биле отстранети 51 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Полицијата демне на улиците. Санкционирани се 49 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и 43 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 23 се движеле со поголема брзина од 90 километри на час во населено место.  Санкционирани се и осум возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 25 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

31.03.2014 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега