Награди за најдобрите стендап комичари од регионот

Во Универзалната сала сопочеток во 20 часот, денеска ќе се доделат првите награди „Стендап Адрија“ (Stand Up Adria Awards 2014) на 12 комичари од овој регион кои биле најуспешни во својата работа.

Шестмина се од Македонија, а останатите шест се од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од Бугарија. Организатори на настанот се „Стендап Македонија“ и продукцијата „Дел Рио филмс“.

Првите 12 лауреати на манифестацијата се избрани од 34 номинирани. За најдобри стендап комичар и комичарка во регионот во 2013 ќе бидат наградени Срѓан Јовановиќ од Србија и Марина Орсаг  од Хрватска. Хрватот Домагој Пинтариќ ќе добие награда за најдобар клупски стендап комичар во минатата година, Пеѓа Бајовиќ од БиХ е прогласен за најдобар ветеран во овој жанр, Горан Фурјан од Хрватска - најголема стендап надеж за 2014-та, а Иван Кирков од Бугарија е најдобар стендап комичар во 2013 година надвор од Адрија.

За најдобар македонски стендап комичар во минатата година ќе биде награден Никола Тодоровски, кој имал над 50 настапи, а за најдобра стендап комичарка - Весна Петрушевска. Сашо Тасевски е награден за најгледан стендап проект во 2013-та -  „Не ме лечи докторе, жити мајка“, со кој трипати ја наполнил Универзалната сала. Игор Џамбазов ќе добие награда за животно дело во областа на стендап-комедијата, на Сашко Коцев му се доделува наградата „Стендап суперстар во Македонија“, а на Тони Михајловски наградата „Стендап легенда на Македонија“.

Наградите се доделуваатво пресрет на 1 април - Денот на шегата.

31.03.2014 - 10:31
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега