Ердроган прогласи победа и им се закани на противниците

Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, прогласи победа на својата Партија на правдата и развојот (АКП) на вчерашните локални избори и ги предупреди противниците да ја „платат цената“ бидејќи ковале заговор за негово симнување.

„Се разочараа оние кои што ја нападнаа Турција“, изјави Ердоган, обраќајќи се од терасата на седиштето на својата партија во Анкара.

Шеесетгодишниот Ердоган им се заблагодарил на сите оние кои придонесоа за победата на АКП.

„Го поддржавте својот премиер, бескрајно ви се заблагодарувам. Заштитете ја независната борба на нова Турција“, рекол Ердоган.

Неговите приврзаниципостојано извикувале „Турција е горда на тебе".

Според прелиминарните резултати на изборите, АКП освои меѓу 44 и 46 отсто од гласовите, а главната опозициска Републиканска народна партија меѓу 23 и 28 отсто.

31.03.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега