Иљарионов: Путин нема да запре на Крим

По анексијата на Крим и натрупувањето војска на границата со Украина, Владимир Путин нема да запре во обидите да ја прошири Русија, се додека не ја „освои“ Белорусија, балтичките држави и Финска, изјави поранешниот советник на рускиот претседател за економија Андреј Иљарионов, објави Индепендент.

Од 2000 до 2005 тој беше советник на Путин и смета дека рускиот претседател сака „историска правда“ со враќањето на деновите од периодот на последниот цар Николај Втори и Советскиот Сојуз под Сталин.

Во изјава за Свендска дагбладер, Иљарионов наведува дека Русија може да тврди дека давањето незавиност на Финска во 1917 година бил чин на „предавство против националните интереси“, пренесе Индепендент.

– Путиновиот став е дека тој штити се што му припаѓа нему и на неговите претходници. Делови од Грузија, Украина, Белорусија, балтичките држави и Финска се територии за кои Путин тврди дека му припаѓаат. Западните лидери целосно заборавиле дека на светот постојат и некои лидери кои сакаат да освојат други држави, изјави Иљарионов.Тој сега работи во Центарот за глобална слобода и напредок на вашингтонскиот Кејто институт. 

 

 

31.03.2014 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега