Се доделува автомобил „Пежо 208" - четврто извлекување на „Фискална во рака, награда без мака“

Во 20 часот вечерва ќе се реализира четвртото извлекување за наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ на првата програма на Македонската радио телевизија.

Државна лотарија на Македонија соопшти дека во ова коло ќе бидат извлечени еден автомобил „Пежо 208, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1.000 денари, а во извлекувањето ќе учествуваат сите коверти испратени за 4-тото коло со сметки кои се валидни од најран датум, 15 ноември 2013 година. Неизвлечените коверти од ова коло, како и од второто, третото, а понатаму и од петтото и шестото ќе учествуваат во 7-мото коло за извлекување на стан и деловен простор.

За потсетување, правилата за наградната игра сеследниве: Треба да се испратат 20 фискални сметки во стандарден бел коверт во кој на посебен лист треба да се наведени основните податоци на испраќачот. Писмата може да се испратат по пошта на адресата бул. „Гоце Делчев“ бр. 8, 1000 Скопје - За наградна игра фискална во рака – награда без мака или да се достават на некои од специјално одредените пунктови на Државната лотарија на Македонија.

Резултатите од четвртото извлекување ќе бидат објавени во четврток,  3 април, во дневниот весник Вечер и на веб страната www.tvkoha.tv.

31.03.2014 - 09:19
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега