Иванов денеска во Валандово и Струмица

 

Кандидатите за претседател на Република Македонија денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.

Ѓорѓе Иванов, актуелниот претседател на Македонија кој ја трча трката за втор мандат, ќе одржи митинзи во Валандово и Струмица, како и помали митинзи во Босилово, Василево и Ново Село.  

СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски, ќе има митинг во Гевгелија и средби со граѓани во Дојран, Валандово и Богданци, додека ДУИ во скопските општини Чаир, Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари ќе одржи средби со граѓани.

Коалицијата ГРОМ,  со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинг во Велес и средби со граѓани во Чашка. 

31.03.2014 - 09:15
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега