Нема временски ограничувања за откривање на малезискиот авион

Како што изјави австралискиот премиер Тони Абот се уште нема временски ограничувања за откривање на исчезнатиот пред повеќе од три недели малезиски авион.

- Со сигурност не поставувам ограничување со време, изјави Абот во австралискиот град Перт, додавајќи дека потрагата може да продолжи уште доста време и дека ќе продолжи уште доста време.

Секојдневно се зголемува потрагата и големината на операцијата, а не се намалуваат, нагласи премиерот.

- Ако оваа загатка може да биде решена, ние ќе ја решиме, истакна тој.

Вкупно 20 авиони и бродови го пребаруваат морското крајбрежје на југозападниот брег на Австралија, со цел да откријат траги од исчезнатиот Боинг со 239 лица.

31.03.2014 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа