ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ каде ви се луѓето?
Вадејчката ВМРО-ДПМНЕ ги прашува политичките конкуренти од Бихаќка, каде им се луѓето од листите откако по истекот на рокот за доставување на кандидатурите за парламентарните избори стана јасно дека 17мина промовирани луѓе, исчезнаа и на нивно место се поставени нови кадри.
„Факт е дека ги нема 20-тина луѓе од листите на СДСМ кои самите ги изгласавте пред само неколку дена.
Каде Ви се луѓето од листите? Очигледно е дека се откажале. Зарем ВМРО-ДПМНЕ или пак некој друг ви е виновен што тие се откажаа од вашите листи?
СДСМ мора да сфати дека нема проблем со ВМРО-ДПМНЕ, туку има проблем со своето членство кое не им верува на политиките на СДСМ и на раководтсвото на партијата и затоа дури и тие кои се кандидирале за пратеници се откажуваат“ - стоиво реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа