Груевски: Заев и Шеќеринска ми се стари муштерии

Заев и Шеќеринска не се нови лица. Не знам СДСМ кого лаже, но јас веќе во една прилика имам кажано, тие ми се стари муштерии, рече премиерот Никола Груевски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија во Гевгелија. 
Тој истакна дека и Заев и Шеќеринска претпреле серија сериозни изборни порази во минататото и оттука, нејасно е како СДСМ ги претставува како нови лица.

Никола Груевски од Гевгелија го повика Стево или Стевчо Пендаровски, како што рече, да каже конкретно како планира да го реши прашањето за името, бидејќи ветува дека ќе реши многу прашања, меѓу кои и ова.

 

- Знаеме како неговиот ментор сакаше да го реши, а како советник не се огради од него, од тие изјави, а се спомнуваа различни одредници. Сега го кандидира партијата, и стои зад него СДСМ, партија чиј што претседател за јавно истакнуваше дека ќе треба да се свитка кичмата. Сега пендаровски се продава пред народот дека ќе го реши, па би сакал да го слушнеме како ќе го реши. Ако го избегне тоа или ако одговори со навреди, ќе го сметаме дека стои зад позициите на неговиот ментор, Бранко Црвенковски, за одредници и зад позициите за виткање на кичмата – рече Груевски.

30.03.2014 - 22:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега