Кире Лазаов се јави на Facebook по победите на Вардар и Металург

„Честитки за нашите два ракометни клубови. Секоја чест, наполнивте многу срца македонски. Покорени се две ракометни велесили, Германија и Данска. Горди сме на вас“, напиша Лазаров на својот Фејсбук профил.

Металург се пласираше во четвртфиналето откако и во вториот меч го совлада дански Колдинг, денеска на гостински терен со 30:26. Вардар направи сензација во Германија и го победи европскиот шампион Хамбург со 30:29.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Барселона на Лазаров, откако го елиминираше Алборг. Во четвртфиналето е можно повторно Барса и Лазаров да ги гледаме во Скопје.

30.03.2014 - 21:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега