ФОТО: Штрк 12 години се враќа кај саканата - приказна која го трогна светот

 

Верувале или не, 12 години по ред штркот Клептан минува по илјадници километри за да се врати кај својата љубов.

Штрковите Мале и Клепетан од Хрватска станаа симбол на семејната среќа и меѓусебна љубов на едно семејство. Илјадници луѓе секоја година го чекаат моментот кога двете птици ќе се видат.

Пред 20 години ловец ја погодил Мале и оттогаш нејзините крилја се скршени. За неа се грижи пензионерот Стјепан Вокиќ.

Приказната за големата љубов се пишуваше дури и во Кина.

30.03.2014 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега