Александар Пандов: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои убедлива победа на овие избори

Никола Груевски е доволно доллго на политичката сцена како лидер на партија, но и Премиер и луѓето во Македонија имаа можност да го видат неговото однесување во сите можни предизвици кој ги имаше државата во овој изминатиот период. Она што никој не може да го оспори е дека ги исполнува своите ветувања. И то е клучната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и на овие претседателски и Парламентарни избори, кои ќе доведат до уште два, овој пат најјголеми изборни пообеди. Вака политичкиот аналитичар, Александар пандов во интервјуто за Пресс24, ја анализира предизборната атмосвера во Македонија. Тоа е и клучната причина за поразите на СДСМ изминативе неколку изборни циклуси, што неможат да разберат дека Груевски наметна една нова политика, која во СДСМ неможат да ја следат.Политика да се реализира тоа што се ветува.

-Каков тоа човек треба да бидеш за да на отворена сцена 7 пати по ред губиш, да те чека марс во најава, што ќе рече уште 2 нови пораза, а ти и понатаму седиш во таа партија и да пропагираш нивна политика. Малку би било да кажам дека треба да имаш тврда глава. Тука се работи за склоп на мазохизам, самонегација, фрустрации од детство и ред работи кој кај тие луѓе предизвикува чувство на задоволство после секој наредн пораз. Но од друга страна пак знам дека таму има и луѓе кај кој сепак поразот го доживуваат како пораз, како и ние останати луѓе. Кај нив мислам дека лончето е прекипано и предходно, а сега после овие избори по мене тие или ќе се приклучат кон веќе постојните партии на Зиков и Јакимовски или ќе формираат нова партија или партии, вели Пандов за Прес24, анализирајќи ја безидејноста на опозицијата.

Тој потенцира дека Македонија со Груевски како Премиер и Иванов како претседател, покажа како треба да функционира една држава.

-Иванов крајно чесно и достоинствено си ја извршуваше својата функција. Неговата кординираност со Владата секако придонесе да имаме уште поединствена и поцврста надворешна политика по сите најчувствителни прашања. Ваквиот начин на водење на државата треба да биде пример на секој еден нареден Претседател без разлика од која и да е партија, вели Пандов за Прес24.

Во Интервјуто тој потенцира дека претседателските кандидати мораат да имаат јасен и чист став за околу стратешките интереси на државата, како што е прашањето за името. Досега вели, само од Стево Пендаровски не слушнал кој е неговиот став з атоа како треба да се реши ова прашање.

Од Пендаровски не верувам дека ќе слушнеме јасен став. Конечно партијата која го подржува има тотално различен став од ставот на Владата. А добро еве и Пендаровски и СДСМ да излезат со некој став. И што?  Кој став по ред ќе им биде? Кој ќе им верува на тој став?  Погледнете за какви циркузанти се работи со последново околу пратеничките листи. Ги објавија и како обично бива кај нив, не додржаа ни 24 часа, ги повлекоа. Сакам да кажам, кај нив кажаното ретко има подолга важност од еден ден, па и луѓето не ги земаат за нешто многу озбилно кажаните им ставови, вели за Прес24, Пандов.

ПРЕС24: Една недела помина од кампањата за претседателските избори. Како го оценувате досегашниот тек? И дали може да се очекува вжештување на реториката во финишот?

ПАНДОВ: Од начинот на обезбедување на кандидатура, па се до самиот почетокот  на изборната кампања видовме два сосема различни концепта. Да потсетам, додека г-динот Пендаровски својата кандидатура ја достави подржана од 30 пратеници од СДСМ, останатите тројца кандидатити своите кандиатури ги доставија до ДИК подржани со потписи од  10.000 граѓани на РМ со тоа што г-динот Иванов покрај јавната подршка од бројни спортисти, интелектуалци, доктори, луѓе од сите општествени слоеви, уметници, плус ВМРО-ДПМНЕ, неговата кандидатура беше во рок од само неколку часа подржана со потписи од 65.000 граѓани на РМ.  Истите бројки подоцна ни беа претставени преку анкетите на рејтинг агенции, а истото се преслика и во почетните средби со гласачите. Иванов почетниот митниг го имаше во Охрид подржан од 50.000 членови на ВМРО-ДПМНЕ, нејзините коалициони партнери и симпатизерите и граѓаните на Охрид, а Пендаровски се обрати пред 1.500 подржувачи во Универзалната сала. И во наредните денови сцените се повторуваа. Додека Иванов чесно и достоинствено го дава својот отчет за сработеното во изминатиот петгодишен мандат и говори за своите идни програми и политики, Пендаровски збунет шета по сокаци и се расфрлува со пари по чистачи на чевли. А дали ќе се заостри реториката искрено не верувам дека г-динот Иванов ќе го смени позитивниот стил на водење на кампањата, додека пак опозит на тоа Пендаровски ќе продолжи да води негативна кампања и хејтерски да пристапува кон секоја политика на г-динот Иванов.

ПРЕС24: Владеачката коалиција, и Ѓорге Иванов како претседателски кадидат фокусот во кампањата го насочуваат на соработка во извршната власт, Претседател – Влада. Нивниот став е дека на Македонија и треба координирана извршна власт.  Од друга страна пак, опозицијата ја форсира идејата дека за доброто на демократијата е потребно, Претседателот да биде опортунистички настроен кон решенијата што Владата ги предлага. Што е тоа што на Македонија и е потребно како коцепт? Дали тоа е стабилна кохабитација, или кохабитација на конфликти?

ПАНДОВ: Пендаровски и СДСМ му земаат како едно од најголемите зла на претседателот Иванов тоа што ги потпишувал законите доставени до него од Парламентот и дека тоа не било добро за демократијата во државата!? Треба да се појасни дека ние живееме во парламентарна демократија. За да еден закон се најде на потпишување пред претседателот истиот треба да помине еден куп тела и комисии и најважно од се, да го помине гласањето на парламентот. Во него седат избраници на народот, што ќе рече народот им го предал мандатот на тие луѓе нив да ги репрезентираат. Па јас прашувам, кое е тогаш моралното, политичкото или какво сакате друго право на било кој претседател како поединец да не го потпишува тој закон. Зошто би го правел тоа? За да прави циркус? Да привлекува медиумско внимание на себе? Конечно Иванов и 2009 година беше кандидат на ВМРО и мислам дека е сосема нормано да постои кординација помеѓу тие две институции Претседател и Влада. Па во нив се избрани да служат луѓе кој треба да работат за заедничко добро на државата, а не за да се караат. Сите останати сценарија граѓаните на РМ во минатото веќе ги имаат видено и секако дека како и јас ги осудуваат

ПРЕС24: Како Вие ја гледате соработката изминативе 5 години на релација Влада-Претседател? Дали Иванов во неговиот мандат имаше поданичка улога, како што твди опозицијата?

ПАНДОВ: Напротив. Г-динот Иванов крајно чесно и достоинствено си ја извршуваше својата функција. Неговата кординираност со Владата секако придонесе да имаме уште поединствена и поцврста надворешна политика по сите најчувствителни прашања. Исто така видовме одлично заедничко водење на одбрамбената политика, што секако придонесува да македонскиот граѓанин се чувсвува посигурно. Според мене можеби е и најважно што и Иванов ја следи политиката на г-динот Груевски па во кординираност со владата и тој се труди за што поголемо и што подобро наше економско претставување, како во земјата, така и надвор од неа. Ако погоре кажаново е подаништво, тогаш е добро што г-динот Иванов има поданичка улога

ПРЕС24: И Иванов и Пендаровски, но и останатите претседателски кандидати, овие неколку денови предизборна кампања, честопати зборуваат за економија, но од различни аспекти. За Пендаровски, Македонија е економски руинирана држава, Иванов пак потенцира дека токму соработката на релација со Владата довела до сериозни успеси за привлекување странски инвестиции. Јас сакам да Ве прашам, што е она што еден Претседател може да го направи во делот на Економијата?

ПАНДОВ: Токму она што го прави г-динот Иванов. За подобрување на македонската економска крвна слика многу потребни се странски инвестиции. Функцијата претседател на РМ овозможува контакт со многу важни луѓе во светот на бизнисот и политиката и отварање на многу врати. Граѓаните на РМ нема да имаат некоја посебна корист ако нашиот Претседател се сретне со не знам кој друг претседател. Но ако благодарение на својата функција се сретне со светски бизнисмени и инвеститори на кој ќе им ги презентира погодностите што нашата држава ги нуди за инвестирање и истите одлучат да ги инвестираат своите пари тука, тогаш секој еден од нас има придобивка.  Ваквиот начин на водење на државата треба да биде пример на секој еден нареден Претседател без разлика од која и да е партија.

ПРЕС24: Надворешната политика е еден од секторите во кои Претседателот има влијание. Македонија на тој план има еден прилично сериозен проблем, Грција, која ги блокира македонските евроатлански интеграции. Во досегашнот тек од предизборната кампања, јасен став за ова прашање искажа само Иванов, став кој кореспондира со ставот на Владата и кој изминативе седум години е познат, што не е случај со претседателскиот кандидат на СДСМ. Дали претседателските кандидати треба јасно и чисто да го кажат својот став околку прашањето за името?

ПАНДОВ: Апсолутно се согласувам со вас и мислам дека е сосема чесно секој кандидат за претседател јасно и недвосмислено да каже кој е неговиот став околу  спорот за името и идентитетот на Македонија и Македонците во спорот со Грција. Тоа веќе одамна г-динот Иванов го има направено и во случајот со него граѓанати си знаат на што се. Република Македонија ерга омнес. Тоа е и ставот на Владата. Дополнително од ВМРО-ДПМНЕ убедуваат дека носење на било каква одлука, последниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум. Од останатите кандитати чекаме да слушнеме. Од Пендаровски не верувам дека ќе слушнеме јасен став. Конечно партијата која го подржува има тотално различен став од ставот на Владата. Тоа безброј пати до сега сме имале можност да го слушнеме од нив.  Мислам дека од калкулантски причини ставот ќе го чуваат за себе, за разлика од предходниот кандидат Фрчковски кој и лицитираше со имиња кој тој мислел дека се ОК за Македонија. Јасно им е дека ако повторно тргнат отворено да го убедуваат македонскиот гласач во исправноста на нивните политики и согласност за промена на името на државата, дека уште повеќе ќе ги убедат гласачите да гласаат за Иванов или кој било друг, само не Пендаровски. А добро еве и Пендаровски и СДСМ да излезат со некој став. И што?  Кој став по ред ќе им биде? Кој ќе им верува на тој став?  Погледнете за какви циркузанти се работи со последново околу пратеничките листи. Ги објавија и како обично бива кај нив, не додржаа ни 24 часа, ги повлекоа. Сакам да кажам, кај нив кажаното ретко има подолга важност од еден ден, па и луѓето не ги земаат за нешто многу озбилно кажаните им ставови

ПРЕС24: ДУИ на овие претседателски избори одлучи да влезе со бојкот, со цел да издејствува реализација на нивната идеја за консензуален претседател. Има ли опасност претседателските избори да пропаднат? 

ПАНДОВ: Мислам дека нема. За среќа во албанскиот корпус на партии во Македонија има и партија ДПА која покажа политичка зрелост, а воедно и итрина и го кандитираа г-динот Халими. По мое мислење ДУИ направи голема грешка со уценувањето на ВМРО околу претседателскиот кандидат и носењето на одлука да ги бојкотира претседателските избори. ДПА како партија во албанскиот блок на крајот на овие избори, мислам дека ќе биде во предност од ДУИ 

ПРЕС24: Проценките се дека само со боојкот на ДУИ, потребниот цензус за излезност од 40 % во вториот круг ќе биде постигнат. Односно, клучно за успехот на претседателските избори ќе биде како СДСМ ќе се однесува во вториот круг. Во јавноста веќе се шпекулира со можноста за стихиен бојкот, во случај разликата меѓу Пендаровски и Иванов во првиот круг да биде повеќе од 120.000 гласови. Што во таква ситуација?

ПАНДОВ: Тоа е многу извесно сценарио. Пред се да се држиме и до бројките кој би излегле по последните анкети, разликата помеѓу двајцата кандидати би била и поголема од 120.000. Многу е тешко човек да предвиди во таква ситуација какво би било однесувањето на раководството на СДСМ и каква одлука тие би донеле. Но каква и да донесат, јас сум 100% сигурен дека ако донесат одлука за бојкот тоа ќе биде јасен аларм за граѓаните на РМ  најмасовно да излезат и да го подржат г-динот Иванов. На нив се уште не им е јасно дека граѓаните на РМ веќе имаат над 20 години демократско искуство и дека последно нешто што сакаат, е да Македонија и нејзините институции влегуваат во криза. Зошто? За кариерите на Заев и Шеќеринска? Не, не. Тоа би било тотално фијаско на СДСМ и на парламентарните избори, кој да ве потсетам се на истиот 27 април, кога е и вториот круг на претседателските избори. Тука би сакал да потенцирам една работа, а тоа е дека кај нас иако сме релативно млада демократија, слободно можеме да се пофалиме дека македонскиот гласач е позрел од многу постари демократии од нашите. Во се уште голем дел од тие стари демократии поголем дел од гласачите гласаат против. Во Македонија исто така има луѓе којј гласаат против и најголем дел од нив се гласачи на СДСМ. Тие верувам дека во втор круг би бојкотирале, ама такви во Македонија се многу малку. Најголем дел од гласачите во Македонија гласаат ЗА и во случај на криза мислам дека сите би се мобилизирале и би дале масовна подршка на претседателскиот кандидат

ПРЕС24: Во игра е и опцијата за наметнување слика дека изборите се фалсификат и нерегуларни, нешто што треба на опозицијата да и биде како алиби за својот неуспех. Дали за СДСМ ваква стратегија би била корисна?

ПАНДОВ: Од сите одлуки кој до сега ги имаат донесено како раководство во СДСМ, постојано изненадуваат и човек вистински е тешко да ги предвиди нивните следни чекори.  На многу пати досега нивното раководството покажало дека на нив им е побитна партијата од државата и граѓаните. И затоа околу некој работи они се пак ептен предвидливи. До сега немало избори на кој они губеле, а да речат дека изборите се фер и демократски и да честитаат на победникот. Ако се решат уште во текот на кампањата да играат на карта дека кај нас изборите се нерегулани, па нешто као Пустец, хммм во тој случај мислам дека најдиректно ја вреѓаат интелегенцијата на Македноците и ќе бидат жестоко казнети поради тоа. Гласачите во Македонија се навикнаа од политичарите да слушнат кој што направил и кој што планира да направи. Притоа да напоменам дека едноставно веќе луѓето немаат трошка сомнеж дали тоа што го ветува г-динот Груевски и ВМРО ќе биде исполнето

ПРЕС24: Изминативе 20 години постојано се отвара темата за избор на Претседателот на државата во Парламентот. Сега таква варијанта бара ДУИ, како решение за нивната идеја за консезуален Претседател. Ингеренциите кои ги има Претседателот се еден од аргументите кои ги застапуваат оние кои сметаат дека неговиот избор треба да биде во Парламентот. Кој е Вашиот став, како треба да се избира Претседателот на државата?

ПАНДОВ: Да се разбереме, консезуалниот претседател на ДУИ беше поднесен како предлог од уценувачки и пазарџиски причини. Иначе прашањето за избор на Претседател во Собранието секако дека има потреба од поширока јавна дебата. Јас лично сум токму поради ингеренциите кој ги има, неговиот избор да биде во Парламентот.

ПРЕС24: Паралелно со Претседателските избори, во вториот круг ќе се спроведат и вонредни парламентарни избори. Што очекувате од овие избори?

ПАНДОВ: Многу убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Има многу причини за ова, но би набројал барем неколку од нив. Поради еден куп на реновирани или ново изградени училишта и спортски игралишта, поради инвестираните 150 милиони евра во здравствениот сектор, поради исто 150-те милиони евра субвенции во земјоделството секоја година, поради неколкукратното зголемување на пензиите и платите, поради градежниот бум во патната инфраструктура, поради тоа што Скопје стана метропола и според мене најважното што постои константен пад на невработеноста, а и секој еден граѓанин во Македонија цврсто верува дека со останувањето на г-динот Никола Груевски на чело на Владата на РМ, невработеноста и понатаму ќе се намалува. На сето тоа секој граѓанин добива отчет за се предходно сработено и програма што се ќе биде направено во идниот четригодишен мандат. Според мене сепак најважниот момент при одлуката на секој гласач е вербата во кажаниот збор на г-динот Никола Груевски. Знаете многу време Груевски е на политичката сцена лидер на партија, а и Премиер на Владата на РМ. Луѓето во Македонија имаа можност да го видат неговото однесување во сите можни предизвици кој ги имаше државата во овој изминатиот период. Човекот имал говори и говори пред нив. Во цел овој период, јас неможам да се сетам дека се случило да тој нешто вети, а тоа да не биде реализирано. Тоа колку што гледам не може ни опозицијата да се сети на такво нешто. Тоа кога го говориме би било неправедно, а да не се потсетиме дека говориме за период од безмалку 8 години во кој Груевски е на најистурената, најстресната, најнабљудуваната функција во РМ. Од другата страна, од страната на опозицијата, не постои ни приближно спремен политичар да му се спротистави, а тоа е многу важно. Луѓето сакаат да следат големи лидери. Македонецот сака победници. Македонците кога одат во арената Борис Трајковски, 7.000 луѓе облечени во дресови на нашата репрезентација или нивниот тим разговараат меѓу себе со колку разлика ќе го добиеме противникот. Изменети се драјверите кај Македонците и тие се чувствуваат како победници и сакаат да бидат со победниците. Да бидам сликовит, Македонците во Груевски го препознаваат македонскиот Путин! Од друга страна што имаме како понуда од опозицијата? Еден тотално расштимуван оркестар, кој не знае што да прави сам со себе, а не па да им дадете држава да ви водат. Лидерот им е прикаска сама за себе. Заев е опозит на се што го говерев предходно. Погледнете го само неговиот поглед и се ќе ви биде јасно. Тоа е поглед на губитник, на човек кој на минута предходно му потонале сите бродови. Како да очекува луѓето од жал или грев да гласаат за него!? Така што мислам дека на овие избори ВМРО ќе има историски гледано најголема разлика во победата над СДСМ

ПРЕС24: СДСМ презентирајќи ги листите за изборите излезе со став дека воведува нов, авангарден пристап, со тоа што никој од раководството, но и од експонираните партиски кадри ги нема на листите. Дали тоа е нов авангарден пристап, или пак позади ова стои нешто сосема друго?

ПАНДОВ: Одлуката на раководството да постави тотално анонимни ликови на листите за пратеници, а нив нигде да ги нема, можеби е врв на врвот во пирамидата на носењето  погрешни одлуки. Тоа ви е подеднакво исто како да во финалната фудбалска утакмица на лига на шампионите еден од менаџерите на тимовите излезе со вториот или третиот состав на тимот.  Дополнително познавајќи ги Шеќеринска и Заев мислам дека едно е што не можат директно да се соочат со поразот кој им следува, друго е што со ова си прават алиби дека ете тоа таму некој други биле поразени, дека тие немаат вина за тоа. Овој начин тие двајца, а впрочем и цело раководство на СДСМ гледаме дека максимално го применуваат  бојкотирајќи ја  кампањата на Пендаровски, претпоставувам дека со истата цел. Не бевме ние, Стево беше тој кој што изгуби.

ПРЕС24: Како го оценувате функционирањето на СДСМ по промената на раководството, во мај минатата година. Дали денеска се препознава нова политика на опозицијата?

ПАНДОВ: Да не сум бил во Македонија овој период и сега да сум го видел начинот како тие функционираат, нема да сум приметел дека постоела промена на раководството. Иако Бранко Црвенковски не е на чело на партијата тие таму функционираат како да е тој и понатаму. Мора да му се признае дека за една работа на крајот бил во право, а тоа е дека во секој член на СДСМ длабоко е вкоренет неговиот ДНК. Тоа е партија која се уште функционира и размислува во 20 век. Темелни и коренети промени таму треба да се направат за тие да мрднат од мртва точка. Ако за тоа веќе и не е доцна

ПРЕС24: Дел од политичките аналитичари во Македонија проценуваат дека овие претседателски и парламентарни избори се последните на кои СДСМ ќе учествува како целовита партија. Можно ли е по изборите во СДСМ да се случи најголемиот раскол во нејзиното постоење?

ПАНДОВ: Нешто погоре кажав околу победници и губитници. Знаете на повеќе пати сум  размислувал каков тоа човек треба да бидеш за да на отворена сцена 7 пати по ред губиш, да те чека марс во најава, што ќе рече уште 2 нови пораза, а ти и понатаму седиш во таа партија и да пропагираш нивна политика. Малку би било да кажам дека треба да имаш тврда глава. Тука се работи за склоп на мазохизам, самонегација, фрустрации од детство и ред работи кој кај тие луѓе предизвикува чувство на задоволство после секој наредн пораз. Но од друга страна пак знам дека таму има и луѓе кај кој сепак поразот го доживуваат како пораз, како и ние останати луѓе. Кај нив мислам дека лончето е прекипано и предходно, а сега после овие избори по мене тие или ќе се приклучат кон веќе постојните партии на Зиков и Јакимовски или ќе формираат нова партија или партии. Воопшто не би ме чудело да после официјализирање на изборните листи слушнеме прес конференција на овој или оној политичар, а и отцепување на цели општински организации на СДСМ. Замислете си го само очајот во кој ќе западнат веќе утрото на 28 април. Нормално е и човечки да поголем дел од луѓето во таа партија излезат од кафезите и започнат да функционираат во еден нов, многу повесел свет.

ПРЕС24: Главната причина што многумина аналитичари ја посочуваат за тоа зошто СДСМ и по седум години во опозиција не успева да се доближи до рејтингот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ е токму не можноста за внатрешни реформи. Што е она што ја кочи СДСМ да се реформира и да понуди нов концепт.?

ПАНДОВ: Нивната тврдоглава самобендисаност не им даава да видат тоа што сите останати го гледаат, дека не можат со водач аболициран, кој цела своја сопствена фамилија ја храни со тендери и заменичка која со пасивен приход од само еден стан во кој што и самата живее зема 5.300 еура, да имаат бидат желни за некој посериозни реформи. Тие двајца се едноставно воспитувани во бранков дух и ако имале било какви намери да прават реформи, тоа имале можност да го направат и на партиско, ама и на државно ниво и предходно. Изборот на кадри кој го имаат правено со години, дополнително ги прави неспосбни да исфрлат некоја нова идеа или концепт

ПРЕС24: Мислите ли дека ВМРО-ДПМНЕ од 2004, по доаѓањето на Груевски на чело на партијата воспостави една нова политика, која политичките партии во Македонија засега не успеваат да ја следат?

ПАНДОВ: Кажав и погоре. Груевски е политичар од 21 век. Еве ви најконкретен пример за тоа колкава е разликата во функционирањето и делувањето негово и на Заев и Шеќеринска. Кога г-динот Груевски застана на чело на ВМРО-ДПМНЕ после реформирање на партијата, пред се избор на функционери, а со истите и сликата за партијата во јавноста, нејзината отвореност према медиумите и секој еден граѓанин кој сака да стане нејзин член, тој наредно нешто што направи е обединување на сите партии со вмровски предзнак или партии кој потекнуваа од ВМРО. Кај СДСМ што се случува. Се обратно. Тие станаа и позатворена партија од она што беа во време на Бранко, а покрај партиите на Гром и Алијанса за позитивна Македонија ние во неколку прашања ни се провлекува извесноста на појавување на нови политички партии, се разбира со луѓе излезени од СДСМ. Значи дефинитивно зборуваме за две различни лиги. Прва и трета јас би рекол

ПРЕС24: ГРОМ и Позитиовната алијанса се двата нови политички субјекти кои се појавија на политичката сцена во Македонија. Имаат ли тие партии капацитет да го заземат местотот на една трета политичка опција, која со години во Македонија не успева да се одржи на политичката сцена?

ПАНДОВ: И за едните и за другите овие избори се од исклучително големо значење. Ако евентуално успеат да станат парламентарни партии, тогаш шансите за нивен опстанок е многу голем. Тоа го велам затоа што сум убеден дека голем дел на членови кој се незадоволни од деветиот пораз на СДСМ ќе преминат во нивни редови. Ако не успеат во тоа тогаш нема да ме чуди да има нивно припојување или пак создавање на некоја сосема трета партија во која би се припоиле делови од овие две плус незадоволници од СДСМ

ПРЕС24: Кои се Вашите прогнози за тоа како партиите ќе поминат на парламентарните избори, ако се анализираат предизборните анкети?

 

ПАНДОВ: Ако се анализираат изборните анкети и ако на тоа се погледне предхоницата и самиот старт на изборните кампањи, мислам дека и предходно кажав дека воопшто за мене не би било изненадување ВМРО-ДПМНЕ да го има посакуваниот број од 62-3 пратеници, а во албанскиот блок да биде изедначена трката.

30.03.2014 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега