Претседателот Иванов денеска во Богданци, Дојран, Демир Капија и Гевгелија
Актуелниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, кој ја трча трката за втор претседателски мандат, денеска продолжува да ја бара поддршката од граѓаните со митинзи во градовите од Југоисточна Македонија.
Иванов денеска прво ќе ги посети жителите на Богданци, па потоа ќе одржи митинг во Дојран. Во 17:30 часот ќе одржи митинг во Демир Капија, додека поддршката од гевгеличани ќе ја бара во 20:30 часот.
До сега Иванов и „Тим Македонија“ посетија повеќе македонски градови во рамки на неговата предизборна кампања. Претседателот доби масовна поддршка од граѓаните каде одржа митинзи.
30.03.2014 - 12:21
Фото:
Пулс24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа