Вардар и Металург во поход кон историски успех

Екипите на Вардар и Металург нашите претставници во Лигата на шампионите, денеска ќе се обидат да направат историски успех за македонскиот ракомет.

Двата најдобри македонски колективи попладнево ќе ги одиграат реванш натпреварите од осминафиналната рунда, во обид, за прв пат две македонски екипи да обезбедат пласман во четвртфиналето на елитното натпреварување.

Први на сцена ќе настапат ракометарите на Металург, кои на гостувањето во Копенхаген, Данска, ќе има почетна предност од шест голови во дуелот против Колдинг, кој во Скопје го победи со 23:17.

Дуелот Копенхагел – Металург започнува од 16:45 часот.

Шампионот Вардар на гостувањето во Германија против актуелниот европски првак ќе стартува од „нула“ по нерешените скопски 28:28.

Средбата во Хамбург ќе стартува во 18:45 часот.

Денеска на програмата се и дуелите, П.С.Ж. – Горење Велење (28:30 прв натпревар) и Кил – Мотор Запорожје (31:28), додека во понеделник ќе играат Рај Некар Ловен – Килце (28:32).

Инаку пласман во четвртфиналето вчера обезбедија, Вестпрем, Фленсбург и Барселона. 

30.03.2014 - 11:33
Фото: 
Хитпортал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега