Антиќ: Играм несебично и давам се од себе да ја оправдам довербата

Бев изненаден кога ме поканија на Ол стар натпреварот. Играв супер тој месец и им благодарам на сите што гласаа за мене. Тренерот ми дава се повеќе минутажа и доверба и се обидувам да ја искористам максимално што можам секоја секунда на теренот, да играм несебично за тимот. Да играм одбрана, да ширам напад, да погодувам шутови, тоа е мојата работа тука и задоволен сум како се одвива сега за сега, вели Перо Антиќ, првиот македонски играч во НБА лигата, кој во својата прва сезона за тимот на Атланта Хокс веднаш стана еден од најзабележителните играчи.

- При крај сме на сезоната и се обидуваме да победиме на што е можно повеќе натпревари и да обезбедиме учество во плејофот. Се обидуваме да играме малку порастеретено, бидејќи притисокот полека доаѓа. Јас како поискусен и уште двајца – тројца други, се обидуваме да ги смиримепомладите. Тоа е спортот, тоа е кошарката, затоа е интересна. Изгубивме денес, продолжуваме понатаму и го забораваме ова, изјави Антиќ, пренесе МИА.

Кошаркарската легенда на Хокс, Доминик Вилкинс, по натпреварот не ги штедеше зборовите на пофалба за Перо Антиќ.

- Каде и да одиме Перо има пријатели, убаво е тоа да се види. Тој е прв Македонец во НБА и тоа е нешто посебно. Тој е голем играч, добро шутира, ја развлекува одбраната, но најважно за мене е што е супер фин
човек, еден од моите омилени момци во тимот, изјави Вилкинс, додавајќи дека многу му се допаднало македонското вино кое го пиел со нашиот центар. Антиќ најави дека е можно Вилкинс наскоро да ја посети и Македонија, во рамките на неговиот престој во Европа.

Македонската кошаркарска ѕвезда се осврна и на изборите во Македонија, односно на поддршката која ја даде за претседателот Ѓорге Иванов во претстојните избори, поради поддршката која ја добил од претседателот во изминатите години, како капитен на македонската кошаркарска репрезентација.

- Затоа ќе кажам, од се срце поддршка има Ѓорге Иванов, затоа што секогаш бил кон мене позитивно настроен, со позитивни критики кон играчите, што и да направиме. И во лошо и во добро бил со нас, изјави Антиќ.

 

30.03.2014 - 10:34
Фото: 
Пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега