Емина задоцнила на авион - сите патници морале да ја чекаат
Пејачката Емина Јаховиќ Сандал којапериодов ибеше зафатена со Икс-Фактор, задоцнила на летот за Истанбул и сите патници морале да чекаат за таа да се смести во авионот.
Емина на аеродромот пристигнала неколку минути пред да полета авионот за Истанбул, но благодарение на љубезните луѓе кои работата таму успеала да влезе во авионот.
- На аеродормот ја видов Емина како брза. Многу беше нервозна. Ја прашавме што се случува, а таа ни одговори дека задоцнила, велат вработени од Аеродромот.
- Закаснив на авионот, но се е во ред ќе стигнам да се сместам, рекла Емина којабрзала дома за да си го види своето семејство бидејќи во Белград останала малку подолго со оглед на обврските со финалето на Икс Фактор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа