Крадците и викендов на „работа" - ограбени стан и куќа во Тетово

Околу 400 илјади денари вреден златен накит бил украден од домови на двајца тетовчани во две одвоени кражби што засега непознати сторители ги извршиле во текот на вчерашниот ден.

Едната од кражбите се случила во периодот помеѓу 18 и 22 часот во станот на 48-годишниот Р.Ш. лоциран на улицата „Браќа Миладиновци“. Откако крадците насилно ја отвориле влезната метална врата и целосно ја пребарале внатрешноста на станот, одзеле 15 парчиња златен накит, четири златни алки и 11 стари златници, и избегале. Штетата се проценува на 300.000 денари.

Втората кражба се случила во периодот помеѓу 19 и 21 часот во куќата на 48-годишниот Б.К. на улицата „Иво Лола Рибар“. И во овој случај насилно била отворена влезната врата по што засега непознатите сторители, од спална на вториот кат од пластична кутија одзеле 16 парчиња разновиден златен накит, синџири, прстени, приврзоци и лири со вкупна вредност, според сопственикот, од околу 95 илјади денари.

Полицијата трага по сторителите.

29.03.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега