Владиката Петар и Вистината
Долги години живеам во Канада и го пратам спорот помеѓу Владиката Петар и МПЦ "Св.Петка" од Рокдејл,Австралија од самиот почеток.Она што ме потикна да се обратам до вас, со молба да го објавите ова мое писмо, е развојот на овај спор во последниве неколку месеци и интервјуто на владиката Петар во "Прес 24".
Згрозена сум од изборот на зборови кои Владиката ги употреби за луѓето од управата на "Св.Петка"и нивните приврзаници, нарекувајќи ги расколници,неверници,арамии на црковниот имот,подолни од домашната стока (волот) и што уште не.Речник недостоен за ниту едно црковно лице, а поготово не за еден владика.
МПЦ "Св.Петка"од Рокдејл постои повеќе од 40 години и како и сите цркви во дијаспората е изградена од македонските иселеници, кои не жалеа ни труд, ни време, ни пари, најчесто ставајќи ги сопствените куќи под хипотека за добиените кредити од банките.Светиот Синод на МПЦ не посегна во својата каса, ниту Владиците во сопствените џебови да ја помогнат оваа изгадба, ниту која билодруга во дијаспората.
Црквата "Св.Петка од своето формирање успешно опстојуваше, напредуваше и го прошируваше црковниот имот со замисла да ги помага верниците и членовите, да им обезбеди простории за дружење, изучување на мекедонскиот јазик и оспособување на дел од црковниот имот во иден пензионерски дом.Сите овие планови замреа во моментот кога членовите на управниот одбор одбија да му го препишат црковниот имот на Владиката Петар.
Започна маратонското судење и во текот на тој процес МПЦ "Св.Петка" за својата одбрана беше принудена да потроши милионска сума на пари и да заборави на низа сонови за напредок.За потребите на судската одбрана беа продадени и неповратно изгубени дел од црковните имоти. Членството и управниот одбор беа изложени на низа провокации и навреди, но покрај се останаа сложни и истрајни, не подлегнувајќи на изјавата на Владиката Петар дека ќе ги тужи се додека не ја изгубат и последната цента.Црковниот управен одбор залудно се молеше за подршка од Синодот, кој остана глув на овие молби.Се прашувам ЗОШТО?
Гледано од страна сите постапки и изјави на Владиката Петар не се логични и се контрадикторни.Изјавува дека го присвојува црковниот имот со цел да го чува до неговото префрлање на име на македонската црковна епархија за Австралија која треба да се регистрира во иднина.Зарем луѓето кои го створиле тој имот не се способни да го чуваат, па му се потребни посредници? Шокантна е и тужбата на Владиката против 891 член на црквата, нарекувајќи ги неверници , нерегуларни членови и забранувајќи им да се црквуваат во својата црква.Зарем ова не потсетува на времето на инквизицијата и апсолутизмот на свештенството од мрачниот среден век?Зарем незнае Владиката дека луѓето се оние кои ја чинат црквата, зашто без луѓе нема ни да има црква, ни попови , па ни владици.Изјавува дека незнае во чија сопственост се црковните имоти во Канада и Америка.Јас сум веке 25 години член на македонската катедрална црква "Св.Климент Охридски" од Торонто, Канада и со 100% сигурност тврдам дека сите црковни имоти на овај континент се сопственост на членовите, а тоа Владиката многу добро го знае.
Владиката Петар проповеда едно , а прави сосема друго.Бара почит, понизност, а треба да знае дека почитот треба да се стекне, а не да се наметни и дека треба да биди обостран.
Ваквото одесување,недостојно за еден Владика, го оцрнува името на МПЦ во очите на Австралиските власти и Светиот Синод на МПЦ во Македонија еднаш и за секогаш треба да го реши овај проблем и да му стави крај на алчноста на Владиката Петар.
Ви благодарам за вниманието и Ве поздравувам
Славица Елкова
Торонто, Канада
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа