Иванов: Македонските граѓани сами одлучуваат за своите клучни национални прашања
Нема да дозволиме Република Македонија и македонските граѓани да бидат обезличени! Македонските граѓани сами одлучуваат за своите клучни национални прашања. Никој, освен македонските граѓани, нема право да одлучува за името на нашата татковина Македонија. Никој, освен македонските граѓани, нема право да одлучува за иднината на Македонија.
Ова го истакна актуелниот и кандидат за претседател на Македонија Ѓорге Иванов на вечерашниот митинг во Неготино.
-Нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот, посочи Иванов.
Тој додава дека кко претседател ќе продолжи со напорите за интегрирање на Република Македонија во Европската унија и НАТО и дека за секое решение ќе се изјаснат македонските граѓани на референдум.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа