Иванов: Со новите патишта до зголемен напредок на индустријата и земјоделството

 

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов на денешниот митиг во Велес истака дека како ја отвораат индустријата и земјделството во земјата, а тие имат потреба од брзи и безбедни патишта.

-Веќе се градат нови и се обновуваат старите патишта. Се надоградува автопатот „Мајка Тереза“. Овој автопат е дел од Коридорот 8 што сакаме да го поврземе со Јадранско-јонската магистрала. Наскоро ќе се обнови автопатска делница Катланово-Велес и делницата Велес-Штип. Ќе се обнови и железничката станица во Велес. Со ова ќе привлечеме нови инвестиции и ќе создадеме услови за нови работни места во Велес. Имаме конкретни цели и конкретни резултати, посочи Иванов.

Тој додаде дека највисоката цел е економски раст и развој на Македонија, отворање многу нови работни места за доброто на граѓаните, но и дека во следниот мандат, приоритет ќе биде држава и економија кои создаваат нови работни места.

28.03.2014 - 17:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега