Утре пречек на Даниел Кајмакоски во Скопје

Победникот на регионалното музичко шоу „Х-Фактор“, нашиот Даниел Кајмакоски, утре пристигнува во Скопје.

Според последните информации, Даниел утре во 15 часот ќе слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Таму се очекува да го пречекаат бројните македонски фанови кои му беа силна поддршка за време на музичкото шоу.

Македонецот Даниел Кајмакоски во неделата го освои првото место на регионалното музичко шоу „Х-Фактор“. Стружанецот со славејски глас ги освои срцата на балканската публика и уште од првиот момент беше фаворит.

 

28.03.2014 - 14:07
Фото: 
ilike

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега