Фајон: Несогласувањата во ЕУ ја блокираат суспензијата на безвизниот режим

 

Во ЕУ постои загриженост поради приливот на лажни азиланти од земјите на Западен Балкан, но поради несогласувања во рамките на Унијата засега не треба да се стравува од суспензија на безвизниот режим, изјави словенечкиот европратеник Тања Фајон.

- Европа и натаму изразува загриженост поради големиот прилив на лажни азиланти од Србија и другите земји од Западен Балкан. Но, поради внатрешните несогласувања во ЕУ на релација Европски парламент - Европска комисија - Европски совет, не треба да се грижиме дека наскоро е можно повторно воведување на визи, изјави Фајон во интервју за денешниот број на белградскиот весник „Вечерње новости“.

- Минатата недела повторно имавме тројни разговори, но не успеавме да утврдиме заеднички став... Тешко е да се каже дали воопшто и ќе можеме да постигнеме договор, додава Фајон.

- Земјите-членки вршат голем притисок. Бараат што е можно побрзо усвојување на мерки, врз основа на кои би можеле да воведуваат времена суспензија на (безвизниот режим) за која било трета земја, не само за државите од Западне Балкан, потензира Фајон.

најчитано сега