Стевчо Јакимовски не ги „вдоми“ функционерите на СДСМ - ќе коалицира со ЛП
Поголема група доскорешни и поранешни пратеници од опозициската СДСМ, како и општински лидери од оваа партија деновиве го контактирале претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски и побарале од него да бидат ставени на пратеничките листи на оваа партија, пишува "Нетпрес".
Според извори на интернет-порталот, тие на Јакимовски му рекле оти повеќе не сакаат да бидат дел од опозициската СДСМ, бидејќи, како што тврделе, биле крајно разочарани од пратеничките листи кои ги објави оваа партија. Исто така, навеле и дека имало голема поделеност како меѓу раководството, така и меѓу членството во СДСМ. Тие понудиле зголемување на бројот на членството во ГРОМ, како и на гласачкото тело, бидејќи навеле дека, сепак, се една поголема група, која брои неколку десетици и дека имаат долгогодишно искуство.
Претпоставките се дека СДСМ-овците со овој свој потег, најверојатно, се обидуваат да го фатат последниот воз за влез во пратеничките клупи во македонскиот Парламент.
Јакимовски за ВЕЧЕР открива дека не ги прифатил понудите на претставниците од Бихаќка" и оти поранешните пратеници на СДСМ нема да се најдат на неговите листи, бидејќи како што вели, не мисли дека ќе и донесат нешто добро на неговата партија. Според последните информации, во коалиција со ГРОМ на Стевче Јакимовски ќе грми" и Либералната партија на Ивон Величковски, покрај веќе официјализираната коалиција со Милетиќ, Угриновски и Гештаковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа