Партиите бесплатно ќе лепат плакати низ Скопје

Согласно Одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување на изборни плакати, Градот Скопје поставува паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации.

За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања доставуваат барање до администрација на Град Скопје – Сектор за комунални работи, најдоцна ден пред денот определен за почеток на изборната кампања, односно до 4. Април до 10 часот.

 

Редоследот на истакнување на изборни плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител.

 

Жребањето ќе се изврши на 4 Април 2014 година во 10 часот, во Град Скопје - Сектор за комунални работи.

28.03.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега