Иванов ќе ги прими акредитивите на амбасадорите на Ангола и на Јордан
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Ангола и на Хашемитското Кралство Јордан за Република Македонија.
Новоименуваниот амбасадор на Ангола е Токо Дијакенга Серао, а на Јордан Амјад Одех Адаилех.
Церемонијата за прием на акредитивните писма е закажана во претседателската вила „Водно“.